Двегодишнина од независноста на Косово

Косово денеска ја одбележува втората годишнина од прогласувањето на независноста. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на синоќешниот прием по тој повод, оцени дека „независноста довела до мир и стабилност во регионот“. Тој изјави дека одличните односи со соседните земји - Македонија, Албанија и Црна Гора, докажале дека овој регион може да биде „дел од интегрираното европско семејство“. Веруваме дека со тек на времето и Србија ќе разбере дека местото на земјите од регионот е во обединета Европа и затоа уште еднаш искрено го повикуваме Белград да ги крене рацете од хегемонистичката политика кон другите држави и да се вклучи во напорите за подобра иднина на народите на овие простори, нагласи Сејдиу.