Груевски:Владата не води „проформа“ разговори за името

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска изјави дека Владата води разговори за името со јасна цел – да се најде решение и оти има политичка волја и желба за тоа. Тој додаде дека не се водат „проформа“ разговори и дека внимаваат на останатите државни и национални интереси.