Мотаки:Иран ќе ја разгледа која било идеа за договор со западните земји

Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки изјави дека Иран ќе ја разгледа „која било нова идеа “ за нуклеарен договор со светските сили. Ваквите коментари на Мотаки следуваат по разговорот со неговиот турски колега Ахмед Давутоглу во Техеран. Агенциите јавуваат нека по разговорот немало знаци дека некаков договор е постигнат, а Мотаки разговорот со Давитоглу го опишал како „консултативен “.