Хамарберг бара запирање на принудното враќање во Косово

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг ги повика европските земји да го стопираат принудното враќање на Косово се додека таму не бидат обезбедени адекватни услови кои се однесуваат на здравствената заштита, социјалните услуги и вработувањето. ООН известија дека околу 2500 лица се вратиле од европските држави. Хамарберг исто така во својот извештај ги посочи информациите од минатата недела за контаминацијата на два најголеми кампа на Косово и побара нивно затворање.