Последните податоци укажуваат на 18 загинати во железничката несреќа

Во железничката несреќа што се случи утринава во близина на Брисел загинале 18 луѓе, а 55 се повредени, соопштија локалните власти. Причина за сударот на двата воза е снегот, објаснуваат властите. Железничкиот сообраќај меѓу Брисел и главните градови на Франција, Германија и Холандија е во прекин.