Клинтон: Иран се приближува кон воена диктатура

Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон изјави дека верува оти Иран се движи кон се поголема воена диктатура. Во говорот што го одржа пред арапските студенти во Катар, таа истакна дека Иранската револуционерна гарда добила толку голема моќ, што се чини дека ефикасно ја замени владата. Клинтон, во регионот на Персискиот залив, побара арапска подршка за нови санкции против Иран и неговата нуклеарна програма. Клинтон сега е во Саудиска Арабија на разговори со саудискиот крал Абдула.