Израел побара подршка од Русија за санкциите врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска побара од рускиот претседател Дмитри Медведев да ги подржи санкциите што го таргетираат иранскиот енергетски сектор. На средбата во Кремљ, Нетанјаху и Медведев разговараат за зголемување на притисокот врз Иран поради контроверзната нуклерна програма. Русија досега се противеше на идејата за нови санкции кон Иран, но оваа недела агенциите известуваат за зголемена нервоза во Русија поради иранското збогатување на ураниум.