Оли Рен побара повеќе овластувања за европската статистичка агенција

Еврокомесарот за економија и монетарна политика, Оли Рен денеска побара да и се дадат повеќе овластувања на статистичката агенција „Еуростат“, за да може подетално да ги проверува националните буџетски извешати. Оли Рен додаде дека, ако и се даде поголема моќ на „Еуростат“, капацитетот на Европската унија ќе се зајакне и нема да се повторат грешките како оваа со Грција, која пријавила погрешни статистички податоци. Тој предупреди дека „ризикот за еврозоната е матријализиран“, откако Грција објави дефицит кој е за неколку пати поголем од дозволениот дефицит во ЕУ.