Инагурацијата на Јанукович на 25 февруари

Инагурацијата на новоизбраниот украински претседател Виктор Јанукович ќе се одржи на 25-ти февруари, соопшти денеска потпретседателката на неговата партија, Ана Герман. Таа додаде дека Јанукович размислува премиерската позиција да му ја понуди на банкарскиот магнат Сергеј Тигипко. Герман повторно јавно апелираше до сегашната премиерка Јулија Тимошенко да си поднесе оставка и да престане, како што вели, да го „затрупува“ судот со жалби за изборите што меѓународните институции ги оценија како фер и слободни.