Во железничка несреќа кај Брисел загинале 11 луѓе

Во железничката сообраќајна несреќа во близина на Брисел загинале 11 луѓе, соопштија локалните власти. Агенциите претходно известуваа дека во несреќата загинале 20-тина луѓе. Причина за сударот на двата воза е снегот, објаснуваат властите. Железничкиот сообраќај меѓу Брисел и главните градови на Франција, Германија и Холандија е во прекин.