Српските власти сметаат дека бомбата во Бујановац е терористички напад

Директорот на српската полиција, Милорад Вељовиќ го оцени нападот на полицаецот Блерим Мустафа како терористички. Со сличен став излезе и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Вељовиќ додаде дека на оваа јасна порака што ја упатила терористичка група ќе биде адекватно возвратено.
Во вчерашната експлозија на бомба, покрај полицаецот повредени се и неговата сопруга и две деца кои случајно поминале покрај возилото што еклсплодирало, јавуваат српските медиуми.