ОН се загрижени за човековите права во Иран

Претставници на неколку западни земји изразија загриженост за состојбата со човековите права во Иран. Критиката доаѓа по состанокот на Советот за човекови права на Обединетите Нации во Женева. Соединетите Американски Држави ги осудија насилствата на антивладините протести и соопштија дека Иран треба да престане со пост-изборното шоу со судење и малтретирање на новинари и блогери. Канада смета дека Иран треба да се откаже од смртната казна за малолетниците-престапници и за политичките затвореници.