Кетрин Ештон вечер во Словенија

Министерката за надворешни работи на Европската унија Кетрин Ештон вечер ќе престојува во Словенија, пред нејзините најавени посети на Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Ештон во Љубљана ќе се состане со премиерот Борут Пахор и со шефот на дипломатијата Самуел Жбогар. Според словенечките медиуми, тема на разговорите ќе биде конференцијата на шефовите на држави и влади од Западен Балкан што напролет би ја организирале Словенија и Хрватска. На конференцијата на која ќе учествуваат и челниците на Европската унија ќе се разговара за евроинтеграцијата на Балканот.