Нетанјаху: Русија да поддржи санкции против Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Москва треба да разговара со рускиот претседател Дмитриј Медведев. Претходно, Нетанјаху изјави дека ќе побара од Медведев да поддржи поостри санкции против Иран поради нуклеарната програма на таа земја. Русија веќе соопшти дека нема да се противи на дополнителни санкции против Иран откако Техеран објави дека започна да збогатува ураниум. Сепак, еден од водечките членови на рускиот совет за национална безбедност Владимир Назаров изјави дека санкциите не се причина за запирање на испораката на руски противоздушни ракети за Иран.