Новиот украински претседател поканет да ја посети Москва

Рускиот претседател Дмитриј Медведев го покани новоизбраниот украински претседател Виктор Јануковуч да ја посети Москва. Во поканата, како што соопшти Кремљ, Медведев оценува дека изборите покажале оти Украинците сакаат да им стават крај на обидите за сеење раздор меѓу двете земји. Јанукович ќе го замени прозападниот претседател Виктор Јушченко откако во минатата недела извојува изборна победа врз неговата ривалка премиерката Јулија Тимошенко.