Словенија подготвена да помогне во спорот за името меѓу Скопје и Атина

Словенечкиот премиер, Борут Пахор, вчера вечерта пред американски сенатори ја повторил подготвеноста на официјална Љубљана да посредува во решавање на спорот за името меѓу Скопје и Атина, јавува агенцијата „ерепортер“. Словенечкиот премиер потенцирал дека Словенија е свесна за чуствителната на безбедносната ситуација во Македонија и затоа е подготвена да ги сподели своите искуства од успешното решавање на граничниот спор со Хрватска. Пахор имал средби со американските сенатори Џејни Шахин и Џорџ Вајнович, соопштиле од кабинетот на премиерот.