Либија:Нема визи за граѓаните на шенген зоната

Властите во Либија нема повеќе да издаваат визи за граѓаните од шенген зоната, соопштиле либиските власти. Медиумите кои ја пренеле веста , цитирајќи неименуван преставник на власта, не ги соопштиле причините за таквата одлука. Но додале дека претходно Швајцарија забранила влез на 118 либиски претставници.