НАТО по грешка уби 12 цивили

НАТО денеска соопшти дека 12 луѓе загинале во Авганистан кога безбедносните сили по грешка наместо да погодат Талибанци погодиле цивили. Aмериканскиот командант генерал Стенли Мек Кристал му се извини на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за, како што вели „несреќниот инцидент“. За време на нападите врз Талибанците, повредени се и еден авганистански војник и член на ИСАФ мисијата.