Тимошенко: Нема да го прифатам Јанукович за легитимен претседател

Украинската премиерка Јулија Тимошенко денеска изјави дека има доказ дека нејзиниот ривал, Виктор Јанукович мамел на претседателските избори на 7 февруари. Тимошенко најави дека планира да го искористи тој доказ на суд. Таа рече дека никогаш нема да го прифати Јанукович за легитимен претседател на Украина. Тимошенко додаде дека неколку набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се подготвени да сведочат на суд дека е направена изботна измама. ОБСЕ и неколку меѓународни набљудувачи, излегоа со заедничко официјално соопштение во кое се вели дека изборите биле фер и демократски.