Серија бомбашки напади во Багдад

Во Багдад се случија серија бомбашки напади врз канцелариите на кандидатите за пратеници на престојните избори. Новинската агенција Асошиејтед прес јавува дека 11-мина се ранети при експлозиите. Агенцијата известуват дека инцидентите следуваат по зголемената тензија меѓу Сунитите и Шиитите за престојните избори и поради забраната на неколку стотици кандидати од таканаречените „црни листи“ да се вклучат во изборите.