Грузија ќе се натпреварува на Олимписки игри во Ванкувер

Грузиското министертво за спорт соопшти дека Грузија ќе остане и ќе продолжи да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Ванкувер и покрај смртта на водачот на спортскиот тим. Ваквата одлука ја донеле грузиските натпреварувачи кои со ова сакаат да му оддадат почит на нивниот 21годишен колега кој загина во петокот пред официјалниот почетокот на игрите. Организаторите на олимписките игри соопштија дека ќе ги подобрат патеките и дека ќе преземат мерки за поголема безбедност за санкачите.