Авганистанските и НАТО војниците навлегоа во талибанските упоришта

Илјадници американски маринци и авганистански војници денеска навлегоа во талибанската област Марјах, соочувајќи се со мал отпор од бунтовниците. Командантот на НАТО војниците во Авганистан, Ник Картер изјави дека „операцијата“ минала без поголеми потешкотии. Авганистанските власти соопштија дека најмалку 20 Талибанци загинале и 11 се заробени за време на нападот. Во овој напад на Талибанците во едно од последните поголеми талибански упоришта, учествуваа околу 15 илјади војници од американските , британските и авганистанските трупи. Ова е досега најголемата меѓународна офанзива од почетокот на војната во Авганистан.