Само 26 кандидати од „црните листи“ ќе учествуваат на ирaчките избори

Ирачките власти соопштија дека жалбите на многуте кандидати на кои им беше забрането да се кандидираат на изборите им се одбиени. Само 26 кандидати од таканаречените „црни листи“ имаат право да се кандидираат на престојните парламентарни избори, додека жалбите на 146 се одбиени и тие нема да учествуваат во изборите. Граѓанската коалиција Иракиа соопшти дека ќе се повлече од предизборната кампања во знак на протест. Контроверзните забрани се однесуваат на кандидатите за кои се претпоствува дека се поврзани со сунитската партија на поранешниот диктатор Садам Хусеин.