Вашингтон: Средбата Барак Обама - Далај Лама на 18 февруари

Соединетите Држави ги отфрлија барањата на Кина за откажување на средбата меѓу претседателот Барак Обама и духовен лидер на Тибет во егзил Далај Лама. Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс изјави дека средбата ќе биде одржана ,според планот, на 18 февруари. Пекинг предупреди дека средбата Барак Обама – Далај Лама дополнително ќе ги залади кинеско – американските односи.