Ештон во наредната недела на Балканот

Министерката за надворешни работи на Европската унија Кетрин Ештон денеска во Виена најави дека во наредната недела ќе престојува на Балканот. ,,Целта на посетата на Босна, Србија и Косово е да ги слушнам политичарите, но и припадниците на граѓанското општество и да им дадам јасна многу порака за нашите натамошни односи,, изјави Ештон на прес конференцијата, додавајќи дека таа е за јакнење на врските меѓу Унијата и Балканот.