Лидерот на Абхазија со уште еден мандат

Лидерот на грузиската сепаратистичка република Абхазија, Сергеј Багапш, денеска е инаугуриран за претседател по втор пат. Оваа церемонија, според официјален Тбилиси е обична пародија. Багапш веднаш по инаугурацијата и оддаде признание на Русија што ја призна Абхазија како независна држава.