Руските сили убиле 20 бунтовници во Ингушетија

Руските безбедносни сили соопштија дека убиле најмалку 20 бунтовници во престрелката во Ингушетија, во близина на границата со Чеченија. Како што се оценува, ова бил еден од најголемите судири меѓу безбедносните сили и бунтовниците, кои, според полицијата, биле предводени од чеченскиот командант Доку Умаров.