Во Ирак започна изборната кампања


Во Ирак денеска започна кампањата за претстојните параламентарни избори. На многумана не им беше дозволено да се кандидираат поради поврзаност со БААТ партија на поранешниот лидер Садам Хусеин, што ги зголеми тензиите меѓу сунитите и шиитите. Инаку, над 6 илјади кандидати ќе се борат за 325-те места во ирачкиот парламент. Изборите се закажани за 7-ми март.