Пад на еврото и покрај ЕУ поддршката за Грција

Вредноста на еврото продолжи да паѓа на азиските берзи и покрај заложбата на Европската унија да ја поддржи Грција во нејзините напори да се справи со дефицитот и со огромниот јавен долг. Во изминативе неколку недели еврото загуби околу 10 проценти од вредноста поради финансиските проблеми со кои, освен Грција, се соочија и Португалија и Шпанија. Европската унија вчера вети координирани мерки за Грција, но не и понуди конкретна финансика помош.