Клинтон успешно опериран и се чувствува добро

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон успешно е опериран, изјави денеска во Њујорк неговиот кардиолог Алан Шварц, додавајќи дека на Клинтон му биле вградени два стента за одблокирање на артеријата и оти зафатот минал без никакви проблеми. Шварц нагласи дека Клинтон немал срцев удар, ниту пак некакво оштетување на срцето и оти в понеделник ќе ги продолжи своите активности. На Клинтон во 2004 година му беше вграден бајпас.