Олимпискиот факел пристигна во Ванкувер

Во пресрет на денешното официјално отворање на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер пристигна Олимпискиот факел. Гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер е меѓу оние што денеска треба да го пренесат до стадионот каде што ќе биде запален Олимпискиот оган. Но, уште пред свеченото отворање во Ванкувер ќе се одржат квалификации за скијачките скокови. На Олимпијадата во наредните 17 дена ќе учествуваат повеќе од 5 илјади спортисти од над 80 земји во светот.