Орден „8 септември“ за поранешниот дански шеф на дипломатијата Јенсен

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе го одликува поранешниот министер за надворешни работи на Кралството Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот „8 септември“, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката меѓу Македонија и Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
Странски политичари одликувани со орденот „8 септември“ се и поранешниот германски претседател Роман Херцог и поранешниот Претседател на Бугарија Жељу Желев.