Тужба за Унгарски железници транспорт на Евреи во Аушвиц

Околу 90 преживеани жртви на Холокаустот и нивните потомци денеска поднесоа тужба против државната унгарска жележничка компанија. Групата бара над 1 милијарда долари надомест за транспортот на повеќе од 400 илјади Евреи кои се носеле во Аушвиц. Тужбата за свесно испраќање луѓе во сигурна смрт е поднесена во американскиот Окружен Суд во Чикаго.