Најмалку 15тина луѓе загинале во бомбашки напад во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека при експлозија на две бомби загинале најмалку 15 луѓе а уште 20-тина се ранети .Полицијата смета дека станува збор за самоубиствени бомбашки напади. Првата експлозија била во зградата на полицијата додека втората надвор од неа. Меѓу загинатите има 7 полицајци.