Нимиц во Атина при крајот на февруари

Посредникот на Обединетите Нации за македионско- грчкиот спор , Метју Нимиц ќе ја посети Атина во последната седмица од февруари, соопшти Министертвото за надворешни работи на Грција. Потпаролот на министерството, Григорис Делавекурас изјави дека Грција сака да го реши прашањето за името и дека очекува како што вели „ конструктивен пристап и од другата страна“. Тој додаде дека решение е можно но како што посочи „ тоа првенствено зависи од политичката волја на Скопје.“