Обама:Економијата нема да заздрави ако не се вработат повеќе луѓе

Претседателот на Соединетите Американски Држави , Барак Обама предупреди дека заздравувањето на америкaнската економија нема да биде целосно ако повеќе луѓе не се вработат и Соединетите држави не го намалат позајмувањето од другите земји. Во неговиот економски извештај што го претстави пред американскиот Конгес , Обама ги повика пратениците да ги одобрат новите мерките за вработување и намалување на буџетскиот дефицит. Само минатиот месец 20 илјади американци беа отуштени од работа.