Запатеро - ЕУ ќе и помогне на Грција

Шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро изјави дека Европската унија ќе ја поддржи Грција и ќе и помогне да ги надмине проблемите.Запатеро не прецизираше за каков вид поддршка станува збор.
Премиерот на Грција Јоргос Папандреу вчера изјави дека неговата Влада ќе ги преземе сите неопходни мерки за годинава да ја исполни својата цел - намалување на буџетскиот дефицит и додаде дека во целост ќе ја примени програмата за буџетско штедење.
Според правилата на еврозоната буџетскиот дефицит може да биде најмногу три отсто од бруто домашниот производ, а Грција се надева дека дефицитот од 12,7 отсто од 2009, годинава ќе го намали на 8,7 додека во 2012 ќе ги достигне саканите три отсто од БДП.