Словенија ќе деблокира уште 2 поглавја од хрватските преговори со ЕУ

Портпаролот на словенечкото Министерство за надворешни работи Милан Балажиќ изјави дека Словенија би можела да деблокира уште две поглавја во претпристапните преговори на Хрватска со Европската Унија. Станува збор за поглавјата за животна средина и риболов. Хрватско-словенечка комисија треба да ги разгледа спорните прашања меѓу двете земји, пред се за заштедите на хрватските граѓани во словенечките банки, за атомската централа во Кршко и за хрватската еко-риболовна зона.