Почина екс Конгресменот Вилсон - Вистинскиот Чарли Вилсон

Поранешниот американски Конгресмен Чарли Вилсон, познат по напорите за фондирање на авганистанските муџахедини во борбата против советските трупи во 80 тите години почина на 76 години од срцев удар. Вo 2007 во Холивуд беше снимен филм Војната на Чарли Вилсон според приказната за неговите напори да ги вооружи муџахедините. Тој собра милиони долари за ЦИА која дистрибуираше ракети од типот стингер за борба против советските хеликоптери.