Кинескиот дисидент Лиу Ксиобао и натаму во затвор

Кинескиот суд ја одби жалбата на дисдидентот Лиу Ксиобао осуден на 11 години затвор под обвинение за субверзивни дејствија. Американскиот амбасадор во Пекинг изрази разочарување од одлуката и побара Лиу веднаш да биде ослободен, велејки дека судењето индивидуалци поради мирно изразување политички ставови е кршење на човековите права.