Тачи: Нов бран на признавање на Косово

Косовскиот премиер, Хашим Тачи оценил дека по одлуката на Меѓународниот суд за легалноста на независнота на Косово ќе следува нов бран на признавање на Косово, јавува македонската агенција МИА.Тачи изјавил дека земјите – членки на Европската Унија, кои биле скептични по оваа одлука ќе го сменат мислењето и додаде дека до сега 65 земји го признале Косово.