Македонија ќе испрати хуманитарна помош во Албанија и Хаити

Македонија ќе испрати хуманитерана помош за настраданото населениe од поплавите во Албанија и од земјотресот во Хаити. Генералниот секретар на Црвениот Крст во Македонија, Саит Саити соопштил дека за Албанија се собрани речиси 500 илјади денари додека за Хаити се собрани над 2 милиони денари во хуманитарна акција.