Клаус: Македoнските позиции во спорот со името се исправни

Македонските позиции во спорот со името се исправни и Чешка ја подржува Македонија, изјавил денеска чешкиот претседател Вацлав Клаус по средбата со премиерот Никола Груевски. Македонската новинска агенија МИА известува дека чешкиот претседател ги пофалил макроекономските резултати на Македонија , но доколку таа влезе во Европската Унија, Клаус смета дека ќе треба да ги покачи даноците. Претседателот на Чешка истакнал дека ќе се залага за зголемување на економската соработка меѓу двете земји.