Израел им се закнува на Либан и на Сирија, оцени либанскиот премиер

Либанскиот премиер Саад Харири денеска изрази загриженост од ескалацијата на израелските закани до Либан и до Сирија и наведе дека неговата влада ќе ја подржи шиитската екстремистичка организација Хезболах доколку дојде до нова војна меѓу Либан и Израел. Ќе застанема зад својот народ, изјави Харири во интервју за Би Би Си, додавајки дека израелски авиони секојдневно влегуваат во либанскиот воздушен простор. Израелскиот шеф на дипломатијата Авигдор Либерман остро реагираше на ваквите изјави на Харири, оценувајки дека тој е заложник на Хезболах.