Во Хелсинки самит за заштита на Балтичко Море

Лидерите од 9 земји околу Балтичко Море денеска Хелсинки одржуваат состанок посветен на заштитата на морските води. Состанокот го свика премиерот на Финска Мати Ванханен поради оценката дека состојбата на Балтикот е алармантна. Покрај рускиот премиер Владимир Путин, на самитот се и претседатели или премиери од Финска, Данска, Шведска, Полска, Германија, Литванија, Летонија и Естонија.