Генерален штрајк во Грција

Денеска во Грција штрајкуваат државните службеници, кои се против владиниот план за штедење. Сите полетувања и слетувања на авионите на грчките аеродроми ќе бидат откажани поради штрајкот на контролорите на летовите, авио механичарите и техничарите. Нема да работат и болниците, училиштата, поштите, како и вработените во владините институции и министерствата. Вработените во јавниот сообраќај во Грција не се приклучија во прекинот на работата.