Прогноза за времето- облачно и врнежливо

Времето ќе биде облачно со врнежи од снег, кои во текот на денот во пониските предели ќе се претворат во дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура се движи меѓу минус четири и два, а дневната ќе биде меѓу еден и шест степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од снег во утринските часови, кои подоцна во текот на денот ќе преминат во дожд. Утринската температура се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до три степени.