Кина купува акции во американски компании

Дел од кинеските национални резерви е акумулиран во акции во големите американски компании, меѓу кои Кока Кола, Епл и Гудјеар. Станува збор за мали акции што ја одразува кинеската стретагија за избегнување на таканаречените чувствителни политички бизниси. Вкупната вредност на акциите изнесува над девет ипол милијарди долари што ја покажува заинтересираноста на Пекинг за поголемо присуство на средствата од националните резерви од околу 2,4 билијарди долари на светските пазари.