Тојота го повлекува и моделот Приус

Јапонската автомобилска компанија Тојота објави дека повлекува над 400 илјади од хибридното возило Приус поради проблеми во системот за сопирање. Исто така прекината е испораката и на другите два модела на хибридни автомобили за да се провери дали и кај нив имало слични проблеми. Најголемата светска автомобилска компанија претходно повлече 8 милиони возила поради проблеми со педалите за гас.