ЕП решава за новата Европска комисија

Европскиот парламент денеска во Стразбур се очекува да ги прифати сите наименувани комесари предложени од претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо. До ова доаѓа по неколкумесечно одлагање. Најпрвин поради проблемите со ратификувањето на новиот Лисабонски договор, а во минатиот месец и поради повлекувањето на предлогот на Бугарија за комесар за хуманитарни прашања откако пратениците изразија сомневање во способноста на кандидатот. 27 члената Комисија која ги подготвува законите на Унијата има мандат од пет години.